Потребни се практиканти за ангажирање во Службата за инфраструктура и технички инвентар, во Секторот за пристапни мрежи, Област за техника.
Практикантите ќе бидат ангажирани за следниве работни задачи:
- Внес на адреси на домаќинства опфатени со различни технологии во Системот за инвентар
- Дигитализација на техничка документација, како и уредување на документацијата
- Дигитализација на податоци за Системите за инвентар (Netcracker, GIS системот и слични)
- Дигитализација на документација од процесот на Легализација на инфрастуктурата на МКТ
- Дигитализација на Договори, Согласности, дописи и слично
Соодветните апликанти треба да поседуваат основно познавање на работа со компјутери, основно познавање на MS Office пакетот и не е потребно да поседуваат одредени специјални квалификации.
Времето за нивни агажман е од 6 месеци до 1 година.
Соодветните апликанти може да бидат од било кој технички факултет кој првенствено е наменет на комуникациските технологии (ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ и слично), но не е ограничен само на нив.
Мотивациското писмо и CV-то ги очекуваме најдоцна до недела, 16.03.2018, до крајот на денот на следната e-mail адреса: sonja.kargova@telekom.mk со назнака - за Техника