Втор циклус студии
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 01 октомври до 11 октомври 2024 година. Пријавувањето за вториот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 03 февруари до 14 февруари 2025 година.
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба- ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ.