Потребни се практиканти за ангажирање во Службата за инфраструктура и технички инвентар, во Секторот за пристапни мрежи, Област за техника.

Практикантите ќе бидат ангажирани за следниве работни задачи:

  1.        Внес на адреси на домаќинства опфатени со различни технологии во Системот за инвентар
  2.        Дигитализација на техничка документација, како и уредување на документацијата
  3.        Дигитализација на податоци за Системите за инвентар (Netcracker, GIS системот и слични)
  4.        Дигитализација на документација од процесот на Легализација на инфрастуктурата на МКТ
  5.        Дигитализација на Договори, Согласности, дописи и слично

Соодветните апликанти треба да поседуваат основно познавање на работа со компјутери, основно познавање на MS Office пакетот и не е потребно да поседуваат одредени специјални квалификации.

Времето за нивни агажман е од 6 месеци до 1 година.

Соодветните апликанти може да бидат од било кој технички факултет кој првенствено е наменет на комуникациските технологии (ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ и слично), но не е ограничен само на нив.

Мотивациското писмо и CV-то ги очекуваме најдоцна до недела, 16.03.2018, до крајот на денот на следната e-mail адреса: sonja.kargova@telekom.mk со  назнака  -  за Техника

 

 

1