Ласко Баснарков е роден во Кавадарци, во 1977 година. Димпломира на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2000 година, на насоката електроника и телекомуникации. Магистрира во 2005, а докторира во 2009 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во областа теориска физика. Работи како асистент по физика на Електротехничкиот факултет (подоцна Факултет за електротехника и информациски технологии) од 2002 година. Од септември 2011 година е вработен на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како доцент по физика.
Централно место во научниот интерес на Ласко Баснарков завземаат нелинеарната динамика и статистичката физика. Подетално се занимавал со проучување на детерминистичка и стохастичка дифузија и синхронизација на фазни осцилатори. Денес неговите истражувања се насочени кон употребата на синхронизацијата за моделирање на климата и моделирање на финансиски временски серии. Главни алатки кои ги користи во своите истражувања се математичка анализа и компјутерски симулации.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК