Родена е 1984 година во Свети Николе. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2007 и 2009 година, соодветно. Во текот на факултетското образование редовно била наградувана за успешните студии. Во 2014 година докторирала на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје работи од 2007 година како демонстратор, а во 2009 година била избрана за помлад асистент. Од 2011 година работи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје како помлад асистент, а во 2012 година е избрана како асистент. До сега била ангажирана за изведување вежби по повеќе предмети: бази на податоци, бази на податоци 1, вештачка интелигенција, податочно рударење, мултимедиски системи, менаџмент на информациони системи, машинска интелигенција и учење, географски информациони системи, системска анализа и дизајн, објектно ориентирана анализа и дизајн и други.
Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено над 30 научно-истражувачки трудови во меѓународни списанија и зборници на странски и домашни конференции. Полињата на научно-истражувачки интерес вклучуваат биоинформатика, пресметковна биологија, вештачка интелигенција, податочно рударење, мултимедиа, машинско учење и бази на податоци.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК