Microsoft во соработка со Центарот за Иновации во склоп на YouthSpark програмата ве покануваат да бидете дел од најголемиот и најзначајниот дво-дневен настан “MICROSOFT YOUTHSPARK LIVE EVENT” кој ќе биде оддржан на 21 и 22 мај 2014 година во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје (Веро 2 Тафталиџе).

Главната цел на настанот е да ја промовира MICROSOFT YOUTHSPARK програмата чија цел е да им помогне на младите луѓе во Македонија преку здобивање со ИКТ знаења и вештини да го реализираат својот целосен потенцијал, информирајќи ги за многубројните можности кои оваа програма ги отвора за вработување, градење кариера како и креирање на нов (startup) бизнис.
 
Повеќе детали за настанот, како да аплицирате и контакт информации можете да најдете на овој линк[PDF]. Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк[PDF]