When Culture Meets Business Opportunity: An International Networking Event е насловот на настанот кој се одржа во една од просториите на Бостон Универзитетот а на кој учество земаа Нино Карас, Никола Ставревски и Наталија Најдова, студенти од ФИНКИ на студии во Бостон Универзитет кои се дел од програмата за размена на студенти. Настанот опфати дружење со студенти, професори, вработени и членови на заедницата на Бостон проследени со постер презентации од интернационални студенти поврзани со бизнис моделите во својата земја.

Темите на кои нашите студенти ги одржаа презентациите опфатија како студентите се подготвуваат за време на образованието за бизнис светот и околината но и за тоа како студентите можат да основаат старт-ап компанија во Македонија. Концептот на студирање и работење во своја фирма беше интересен за сите слушатели.

Тие успеаја да привлечат внимание и со темата како студентите се здобиваат со практично искуство за време на студиите благодарение на членувањето во студентски организации.

Покрај нивните две презентации, свои презентации имаа и студенти од Шпанија, Франција, Кина и од други земји од светот.

Овој настан е дел од Интернационална недела на образованието организирана од Бостон Универзитетот во периодот на месец ноември.
 
 /> </div>
<div> </div>
<div><img src=