16/10/2012

Продолжен е рокот за упис на студенти на втор циклус (магистерски) студии на ФИНКИ. Рокот е продолжен до 31.10.2012 година. Повеќе детали во врска со уписите можете да добиете на следниот линк. Информации во врска со студиите можете да добиете на веб страната на ФИНКИ, во делот Студии - Магистерски студии.
Кандидтатите за упис потребно е да ги достават следните документи:
- Пријавен лист за запишување
- Диплома за завршен прв циклус на студии
- Куса биографија (CV)
- Потврда за знаење странски јазик
- Препораки од наставни или научни соработници (доколку има такви)
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
- Документи за евентуални награди, признанија и други документи
Документите за упис се оставаат во општата служба на Факултетот, која што е лоцирана на приземје во деканатот на ФИНКИ (спроти зградата на Технолошко - металуршкиот факултет).