
Најважната идеја врз која е изграден проектот „Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци ХИПОН“ е да се примени комбиниран пристап кон процесот на учење преку користење на најдобрите современи информатички системи (е-модули, онлајн игри, виртуелно потфолио, хисто-книги) во комбинација со големото искуство што го поседуваат креаторите на содржината на курсевите, ориентирани према крајните корисници – студенти, специјализанти и патолози. Проектот е кофинансиран од Програмата за доживотно учење на Извршната едукативна удивизуелна и културна агенција на Комисијата на Европска унија, и предводен од вон. проф..Андреас Ц. Лазарис од Факултетот за медицина на Националниот Кападостриан Универзитет од Атина. Останати партнери на проектот се: Факултетот за медицина на Универзитетот во Загреб, Хрватска, Медицинскиот центар Радбоунд на Универзитетот од Холандија, Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитот „Св.Кирил и Методиј“ од Македонија.
Во овој момент, кога се подготвува привремениот извештај за прогресот на проектот, комплетната содржина е развиена и поставена на Moodle платформата при што се започнати активностите за финализација на истата. Интерната тест фаза која се состои од тестирање на техничките аспекти на платформата и нејзините функционалности, како и пред-ХИПОН фазата на тестирање која се состои од тестирање од страна на партнерите е завршена и анализите се во тек. По завршување на анализата и имплементација на евентуалните корекции, HIPON ќе биде подготвен за фазата на тестирање на реалната верзија поставена “во живо”. Тогаш, ќе бидат поставени и онлајн материјали кои ќе дадат краток преглед на содржината на курсевите на хрватски, холандски и македонски јазик.
Мал дел од проектот ќе биде презентиран за време на 26-тиот Европски конгрес за патологија, во Лондон, на почетокот на септември 2014 година, како постер со наслов 'Стекнување дијагностичко искуство за бубрежна неопластична патологија преку ХИПОН веб курсевите'. Ќе бидат демонстрирани главните карактеристики на едукативната стратегија и дизајнот на платформата. За да се овозможи поголемо ширење и запознавање со проектот, беа организирани „инфо-денови“ со голем број на учесници.
Се очекува одреден број на групи составени од крајни корисници да го започнат тестирањето на последната верзија на платформата во октомври во земјите партнери и првите резултати од нивните проценки се очекуваат пред летото 2015 година.