21/02/2014

Центарот за неформално образование Триаголник подготви понуда за курсеви наменета за студентите на ФИНКИ. Понудата се состои од пакет на 2 обуки по намалена цена, заедно со попустот од 20% на останатите обуки за личен развој.
Промотивниот пакет се однесува на курсевите Менаџмент и Комуникациски и презентациски вештини. Редовната цена на курсевите е 9000 и 3000 денари соодветно, но Триаголник ги нуди курсевите со 50% попуст, со вкупна цена од 6000 денари.
Студентите добиваат и 20% попуст со можност за плаќање на 2 рати на обуките за личен развој. Попустот се однесува на курсевите Асертивност и градење на самодоверба, Комуникациски и презентациски вештини и Менаџирање на стрес на работно место.
Распоредот на обуки е достапен на овој линк. Студентите може да добијат подетални информации на овој мејл.