16/09/2012

Почитувани матуранти, објавен е дополнителен конкурс за запишување студенти во трет уписен рок во прв циклус на студии на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На табелата прикажана подолу можете да видите број на слободни места по студиски програми. Табелата исто така можете да ја најдете на Join порталот во делот Уписни рокови - Трет уписен рок. Календарот на активности е поставен на почетната страна на Join порталот.
редовни во државна квота | износ на надоместок (ЕУР) | редовни со кофинансирање | износ на кофинансирање (ЕУР) | вонредни | износ на кофинансирање на вонредни студенти (ЕУР) | |
компјутерски науки и инженерство - КНИ (6 или 8 семестри) | 0 | 200 | 5 | 400 | - | - |
мрежни технологии - МТ (6 или 8 семестри) | 0 | 200 | 15 | 400 | - | - |
примена на е-технологии - ЕТ (6 или 8 семестри) | 0 | 200 | 22 | 400 | - | - |
компјутерска едукација - КЕ (6 или 8 семестри) | 79 | 200 | 35 | 400 | - | - |
информатика и компјутерско инженерство - ИКИ (8 семестри) | 0 | 200 | 7 | 400 | - | - |
академски студии по информатика - АСИ (8 семестри) | 18 | 200 | 20 | 400 | - | - |
професионални студии по информатика (6 семестри) | 0 | 200 | 1 | 400 | - | - |
професионални студии по информатички технологии - ИТ (6 семестри) | 1 | 200 | 10 | 400 | - | - |
дисперзирани студии по информатика во Тетово * | 57 | 100 | 20 | 100 | 20 | 400 |
дисперзирани студии по информатика во Делчево * | 60 | 100 | 20 | 100 | 20 | 400 |
дисперзирани студии по информатика во Куманово * | 67 | 100 | 0 | - | - | - |
* настава на дисперзираните студии ќе се врши само доколку бидат обезбедени материјални, просторни и технички услови за изведување на наставата и доколку се запишат повеќе од 50% од предвидениот број студенти на соодветната студиска програма.