Врз основа на воспоставената соработка со Northwestern University има можност да се аплицира на доктроски студии. Универзитетот е на 28 место на последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет. Па согласно ова студентите ќе имаат можност за искористување на можноста за стипендирање која ја дава Министерството за образование и наука за студенти примени на академски студии првите сто рангирани универзитети, односно еден од првите сто најдобро рангирани универзитети од соодветното научно подрачје, според Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Аплицирање за докторски студии за академската 2015/2016 година ќе започне на 02.09.2014. Краен рок за аплицирање за некоја од докторските студии е 31.12.2014 (студиите ќе започнат во зимскиот семестар 2015 година). Одговори на апликациите ќе бидат достапни кон крајот на месец март, но не подоцна од 15 април.

Краен рок за аплицирање за магистерски студии за академската 2015/2016 година е 01.05.2015 година, за студии кои ќе започнат во зимскиот семестар.

Повеќе информации за студиските програми, начин на аплицирање, како и останати контакт информации од одговорни лица за уписи можете да најдете на следниот линк или на webadmin@finki.ukim.mk.