08/08/2012

Тројца од најдобрите матуранти во учебната 2011/2012 година одлучија да се запишат на најдобриот ИТ факултет во Република Македонија. По овој повод, во деканатот на Факултетот беше одржана прес конференција, на која што Факултетот им додели целосни стипендии на матурантите за втора, трета и четврта година на додипломски студии, како додаток на стипендиите што Универзитетот Св. Кирил и Методиј им ја доделува на најдобрите десет матуранти во секоја генерација. Тие се запознаа со предностите кои што ќе ги имаат како студенти на Факултетот, како и со работата на студентските организации и проектите во кои што ќе можат да се вклучат. Во прилог се ставени некои слики од настанот, кои што беа направени од страна на Факултетот.