На 08.10.2012 (понеделник) Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Со ова на студентите им се нуди можност да присуствуваат на пракси и да соработуваат на проекти со Министерството за внатрешни работи, а исто така на Министерството му се отвора можност за искористување на креативноста на младите луѓе за добивање идеи за нови проекти, како и за воспоставување на сервиси кои ќе бидат од корист за граѓаните.

Според Деканот на ФИНКИ, вон. проф. д-р Димитар Трајанов, идејата на ваквата соработка е младите умови да станат свесни за тоа што и до каде може да се направи и бидејќи постојат некои граници исто како и во реалниот свет.Тој посочи дека има способни млади луѓе на Факултетот, но идејата на оваа соработка е тие да бидат корисни.

Според министерката Јанкуловска, овој Меморандум е еден од позначајните договори кои Министерството за внатрешни работи ги склучило со високообразовните институции.
 
 /></div>
</div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
</body></html>