NewMan`s Business Accelerator ви го претставува SMART BOOT CAMP for Medical Technology Services кој ќе овозможи несекојдневна можност присутните да соработуваат со колеги од други факултети и да креираат иновативен продукт кој ќе биде резултат на комбинацијата на нивните знаења во трите различни области.

Целта на овој Boot Camp е да идентификува талентирани млади професионалци од различни но комплементарни области и да ја потикне нивната соработка, како и да им овозможи обука и поддршка со крајна цел креативно размислување, генерирање на иновативни идеи со фокус на пазарните потреби, и нивно преточување во конкретни предлог решенија за предизвиците во здравствениот сектор.

Во рамки на SMART BOOT CAMP for Medical Technology Services ќе се реализираат мотивациски говори, тематски предавања, менторски сесии и работилници. Тимот на предавачи и ментори е составен од реномирани професионалци од бизнис секторот, успешни претприемачи и универзитетски професори, кои ќе Ви пренесат значаен дел од своето знаење и искуство и ќе Ве поддржат во реализацијата на Вашите замисли.

Тимот со најдобро решение ќе добие можност за бесплатно користење на co-working простории во рамки на NewMan’s Business Accelerator во период од 2 месеци со цел овозможување доработка на истото.

Повеќе детали за настанот, како и информации за аплицирање можете да добиете на овој линк.