
На ФИНКИ во период од 13ти ноември до 18ти декември ќе се одржат серија предавања од страна на Слободен софтвер Македонија. Првото предавање на Слободен софтвер Македонија ќе се одржи на 13-ти Ноември 2012 од 18 до 20 часот во просторија 115 на ТМФ.
Предавањето ќе биде на тема: “Слободен софтвер технички и социо економски аспекти на слободен софтвер” од стрна на Новица Наков и Дамјан Георгиевски. Како дел од предавањето ќе биде и работата на хаклабот КИКА, што се случува таму и како студентите може да се приклучат. Ова претставува можност студентите да се изјаснат за тоа што всушност би сакале да научат и какви би сакале да бидат понатамошните предавања.
Повеќе за Слободен софтвер Македонија:
Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободениот софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија. Слободен софтвер Македонија исто така неуморно работи на промовирање на слободна култура во услови кога општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела во дигитална форма.
Пријавување за првото предавање се врши на следниот линк.