03/04/2013

Почитувани студенти, чест ни е да ви ја презентираме Business Process Management (BPM) работилницата организирана од SEЕU и Универзитетот на Виена и ФИНКИ. Ќе се одржи од 8-ми до 12-ти Април 2013 година, во просториите на SEEU. Оние кои успешно ќе го положат испитот кој е предвиден во работилницата ќе се стекнат со 2 кредита кои дополнително ќе бидат признаени од нашиот факултет.
Право на учество имаат 20 студенти од ФИНКИ и 20 студенти од SEEU. Изборот на учесници ќе се врши според мотивационото писмо кое треба да биде на англиски, официјалниот јазик на работилницата. Цената е 3000 денари, во нејзе се вклучени сместување и учество на сите настани организирани од работилницата. Покрај академски дел ќе има и социјални настани кои дефинитивно не треба да се пропуштат.
Настанот ќе содржи секојдневни предавања и работа на проекти во групи, паузи за ручек/вечера и слободно време за социјализирање.
За пријавување на работилницата, искористете го овој линк.
Крајниот рок за пријавување е 05.04.2013 до 13:00. Сите апликанти ќе бидат известени дали се примени на 06.04.2013 до 16:00.
Настанот ќе започне на 08.04.2013 година, а ќе заврши на 12.04.2013 година.