На 17.06.2015 компанијата Наша куќа во соработка со британската компанија Allied Kinetic ќе одржи целодневна сесија за сите студенти заинтересирани за работа како програмери. Настанот е неформален и се препорачува студентите да носат свој лаптоп. Доколку студентот не е во можност да донесе свој лаптоп компанијата ќе снабди за време на настанот.
Студентите ќе работат во групи по двајца на целодневен проект за програмирање што ќе го дознаат за време на настанот. Освен програмирање, важно е како студентите соработуваат еден со друг и нивната работа во група.
Сите студенти заинтересирани за работа потребно е да го потврдат своето присуство на оваа мејл адреса. Подетални информации можете да најдете на овој линк. Бројот на студенти кои ќе учествуваат на настанот е ограничен.
Настанот ќе се одржи во ресторан Атланта на Градскиот стадион со почеток во 10 часот и ќе трае до 17 часот.