Во периодот од 11-14 октомври во Букурешт, Романија ќе се одржи регионалниот ACM натпревар во алгоритамско програмирање на кој ќе земат учество тимови од 15 земји од Балканот и пошироко. Нашиот универзитет ќе се претстави со два тима од ФИНКИ во кои ќе учествуваат студентите: Васја Павлов, Дејан Божиновски, Ѓорѓи Јанчески, Живко Лазаров, Анреј Гајдук, Игор Гешоски и Радослав Божиновски. Овие студенти се покажаа како најуспешни програмери од ФИНКИ во текот на минатата година и на локалниот ACM натпревар кој се одржа минатиот месец во просториите на ФИНКИ.

Им посакуваме на нашите колеги многу среќа и успех на натпреварот!