
На 11 и 12 април 2014 година за прв пат во Македонија ќе се одржи RailsGirls работилницата, настан кој е дел од глобалната Rails Girls заедница која е основана во Хелсинки во 2010 година. Оваа работилница е наменета за девојки и се одржува на глобално ниво и за прв пат во Македонија и наменета е да го зголемат интересот кај девојките за ИТ заедницата. Настанот ќе се одржува во два дена, каде што првиот ден е наменет за подготвување на компјутерите на учесничките за настанот. Вториот ден ќе се одржува работилницата која ќе трае цел ден. За време на работилницата ќе се презентира Ruby програмскиот јазик, развојната околина, ќе се одржуваат презентации и учесничките ќе имаат за задача да развијат апликација која на крајот на денот ќе ја презентираат пред инструкторите. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје е еден од бројните партнери на овој настан кој ќе помогне во реализирање на истиот.
Сите заинтересирани девојки за учество на настанот можат да се пријават на овој линк.
Пријавување за инструктори се одвива на овој линк.
Повеќе информации за настанот можете да добиете на веб страната на Rails Girls Skopje.