
Во периодот од 29 април до 4 мај се одржа Приматијада 2014, која претставува научно-спортска средба на студентите со традиција долга 40 години. Оваа година заземаа учество 14 факултети, од бившите југословенски простори вклучувајќи го и ФИНКИ како нов член на Приматијада. Приматијадата сама по себе претставува можност за развивање нови пријателства, одмерување на силите преку спортските активности, како и демонстрирање на знаењето преку презентациите на научните трудови.
Како за прво учество на овој настан, студентите на ФИНКИ постигнаа солидни резултати. Покрај одлични програмерки, девојките од ФИНКИ се закитија и со златен медал во пинг понг, како и сребро во мал фудбал. Момците не помалку важни, ја заслужија бронзата во шаховските натпреварувања.


