
Во четврток, 4.10.2012, Борче Трајковски од blizoo ќе одржи предавање на тема “Практична примена на PHP и MySQL во апликациите на blizoo”. Предавањето ќе се одржи во Барака 3 на ФИНКИ со почеток во 15 часот.
Борче Трајковски работи како Раководител на внатрешни сервиси (IS Manager) во blizoo. Тој е еден од креаторите на софтверскиот систем кој што го користи Близоо Македонија. Има големо познавање во областа на бази на податоци и оптимизација на истите, веб-ориентирани програмски решенија, open source околина и големо познавање од областа на компјутерските мрежи (doscic i LAN). Тој работи и на планирање на понатамошниот развој на апликациите и целосна интеграција на outsource решенија.
Исто така, во рамките на презентацијата ќе биде дискутирана и промовирана специјалната понуда за студентите на УКИМ, која blizoo ја пласираше на пазарот пред претстојната студентска учебна година.