ПСМ Фондација нуди попуст од 30% за студентите на ФИНКИ за учество на Скопје Startup Weekend vol. 2, кој ќе се одржи од 11 - 13 ноември 2011 година, на ФИНКИ. Дополнително, првите 5 ќе добијат и гратис книги од бизнис област.
 
Startup Weekend претставува 54 часовен настан за генерирање нови бизнис идеи кој овозможува вмрежување, информации за ресурси, се креираат тимови кои ја развиваат идејата и се подготвуват да ја реализираат. Мотото на Startup Weekend е: Изградете заедница. Основајте компании. Без разговор. Само акција.

За повеќе информации околу настанот, посетете ја официјалната веб страна на Скопје Startup Weekend.