Подготвителната настава на ФИНКИ за предметите математика и програмирање ќе започне понеделник, 26.08.2013 година. Подготвителната настава по математика ќе започне во 10 часот. Зборно место на сите пријавени кандидати ќе биде пред Деканатот на ФИНКИ. На првиот час кандидатите ќе добијат дополнителни информации што ги интересираат. На првиот час може да дојдат и заинтересираните кандидати кои не успеале да се пријават во предвидениот рок, каде што тогаш ќе добијат информација на која сметка треба да уплатат.

Подготвителната настава по програмирање ќе започне во 14 часот и важат истите услови како за подготвителната настава по математика.