03/11/2014

ИАЕСТЕ онлајн саемот за кариера е уникатен настан чија цел е да ги поврзе компаниите, универзитетите и студентите од Централна Европа со цел да се поттикне меѓусебна соработка и да се зголеми мобилноста на инженери и научници.
Ова е голема шанса на сите студенти од областа на техничките науки, како и дипломираните студенти да ги посетат виртуелните штандови на голем број на водечки фирми од сите области на инженерството со потекло од Централна и Западна Европа и да остават свое CV со можност за работа или пракса.
Повеќе детали можете да најдете на официјалната веб страна на настанот, или на Facebook страната на саемот.