Миле Костоски, студент на додипломски студии на ФИНКИ, е добитник на првата награда од натпреварот за развој на HTML5 апликации.

Апликацијата со наслов „Пинг Понг“ е добитник на првата награда на натпреварот за избор на најдобритe три HTML5 апликации, кој следеше по обуката за развивање на апликациите, организирана од корпорацијата Intel заедно со Министерството за информатичко општество и администрација.

Апликацијата можете да ја погледнете на овој линк. Целосната статија е достапна на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација.

Му честитаме на Миле за успехот и наградата.