Со цел да се пронајдат мали беспилотни летала за потребите на владините сервиси, Обединетите арапски емирати распишуваат натпревар вреден еден милион долари.

На овој натпревар учество ќе може да земаат локални и интернационални компании, универзитети, креативни индивидуалци и професионалци во пронаоѓање на беспилотни мали летала кои ќе бидат користени за цивилни и хуманитарни цели.

Неколку можни примени на овие уреди ќе бидат за доставување на владини документи, надзор на сообраќај и инфраструктурата, во здравството и образованието.

Повеќе детали за натпреварот можете да погледнете во официјалниот допис на TheNational