02/12/2011

Компанијата Nordeus од Белград организира 24-часовен натпревар во програмирање на игри во неколку платформи, меѓу кои Python, Ruby и Java/Android. Настанот е закажан за 23.12.2011, а пријавувањето трае, односно е продолжено, до 09.12.2011 година.
Деталите за пријавувањето се дадени подолу во текстот.
За секој учесник на hackathon-от ќе биде обезбеден превоз, храна и сместување во просториите на Nordeus во Белград. Заинтересираните кандидати можат да се пријават индивидуално или во тим. Кандидатите може да користат хардверски/софтверски ресурси од Nordeus или да си носат свои сопствени лаптопи. Учесниците ќе можат да побараат и помош од инженерите на Nordeus, а ќе имаат целосна слобода на пристап кон решавање на зададените проблеми.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на следниот линк.