На 28 март 2015 година во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), и коорганизација на Агенцијата за млади и спорт на РМ (АМС), ќе се одржи XXVI Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија. По тој повод, Ве покануваме да го проследите настанот.
Свеченото отворање на овој настан ќе се одржи во амфитеатарот на ТМФ, со почеток од 10 часот. На отворањето, свое присуство најавија и заменик министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, а покрај нивното очекувано обраќање, ќе се обрати и претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, како и високи претставници на домаќините на натпреварот ФИНКИ и Семос едукација.
На настанот се натпреваруваат најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот Регионален натпревар. Програмата на Државниот натпревар по информатика 2015 е објавена на веб страната на ЗИМ.