08/10/2011

На 20 и 21 октомври 2011 година ќе се одржи Микрософт Визија 9, технолошка конференција која традиционално ги обединува ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место. Овогодишното издание на Визија нуди повеќе од 30 предавања, 35 предавачи, изложбен простор и голема забава.
Конференцијата Микрософт Визија 9 ќе се одржи на 20 и 21 октомври 2011, во хотел Александар Палас во Скопје. За повеќе информации за програмата, активностите и како можете да се пријавите за учество на конференцијата, посетете ја официјалната веб страна на Визија 9.
Дополнително, организаторите на конференцијата организираат и две наградни игри кои можат да бидат од интерес за студентите на ФИНКИ:
- Натпревар за изработка на Windows 7 тема за Микрософт Визија
- Сподели ја Визијата!
Учесниците и победниците ги очекуваат и соодветни награди.