Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ја поздравува иницијативата на студентскиот клуб ConnectLab за студентско менторство. Програмата претставува платформа преку која студентите можат да се стекнат со знаења и вештини надвор од рамките на редовната настава, а при тоа да имаат и одредени бенефиции во текот на истата. Таа ќе ја водат и ја организираат самите студентски клубови и организации при Факултетот и ќе претставува можност за заедничко учење и споделување на знаење. Дополнително, проектите кои што студентите ќе ги изработуваат во рамките на оваа програма може да се признаваат како семинарски работи, по претходно добиена согласност од соодветните предметните наставници. Учеството во програмата е бесплатно, а пријавувањето е преку студентските организации (лабораторијата Connect и останатите организации). За повеќе информации околу тоа дали вашата студентска организација нуди менторирање, како и во кои области, обратете се до претставниците на истата. Список од областите за менторирање кои што се предложени од лабораторијата Connect можете да погледнете на следниот линк.