
На 27.08.2013 година, вторник, во 11 часот во Амфитеатарот на ТМФ ќе се одржи предавање на Драшко Накиќ, студент на Columbia University од САД.
Драшко Накиќ е студент во втора година на докторски студии на Одделот за биомедицинска информатика на Columbia University во САД. Магистерски студии завршува на ФЕИТ во 2011 година на тема „Консултациски систем за споделување на знаење помеѓу медицински професионалци“, а дипломира во 2007 година на истиот факултет.
Во 2011 година ја има добиено престижната стипендија Fulbright Science and Technology Award доделена од U.S Department of State која му овозможи докторски студии во САД. Моментно работи во полето на sensemaking (разбирање на ново настанати ситуации) во on-line здравствени заедници. Неговите истражувачки интереси се колаборациските системи и социјалните мрежи во здравството кои се во тесна врска со полето на sensemaking, како и споделување на знаење кај овие системи.
Сите можеме да добиеме многу, ако секој од нас допринесе барем по малку!
Колаборациски системи и системи за споделување на знаење во здравството
Знаењето во здравството како обемен систем, вклучително јавното здравство, медицината, нутриционизмот, физичката култура, осигурителните компании и др. е екстремно големо, се развива со голема брзина и средината во која се практикува е значително комплексна. Поради овие причини соработката помеѓу професионалци од исти, но и различни дисциплини е од посебно значење.
Во ова предавање акцент ќе биде даден на најновите истражувања кои се однесуваат на значајноста на колаборација и споделување на знаење во здравствените системи во САД како и пристапите за анализа и дизајн на архитектурите на овие системи. Дополнително овие системи ќе бидат разгледани од аспект на социјални мрежи и информациски потреби на учесниците за полесно совладување на проблеми и разбирање на ново настанати ситуации. Ќе бидат претставени неколку системи:
- AnswerBox (систем за прашања и одговори првенствено наменет за специјализантите во болницата)
- PhyDaility (систем за премостување на одвоеноста помеѓу електронскиот медицински запис и точката на нега, и подобрување на колаборацијата помеѓу лекарите)
- Систем за имплементација на клинички патеки (clinical pathways) TuDiabetes (социјална мрежа за луѓе кои боледуваат од дијабетес)