21/12/2012

Компанијата Johnson Controls објавува конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Потребно е кандидатите да имаат основни познавања од бази на податоци, системска администрација, познавање на SQL и искуство во програмирање. Праксата ќе започне кон средината на месец јануар и би траела два месеци но има можност да се продолжи времетраењето на истата. Работното време на практикантите е од 8:30 до 17 часот. Превозот и храната на практикантите ги обезбедува компанијата.
За повеќе детали во врска со праксата контактирајте со одговорните лица од компанијата на следната email адреса ivana.kocevska@jci.com