11/03/2013

Компанијата Medical IT Revolution објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.
Medical IT Revolution е македонско-холандска фирма која се занимава со производство на веб базиран софтвер за холандското здравство.
Компанијата има потреба од Junior Java Developer кој има познавања од:
- Web applications
- Java
- SQL
- CSS and
- HTML
Кандидатите треба да бидат исполнителни, одговорни и лесно да совладуваат нови содржини.
Заинтересираните кандидати може да ги испратат своите CV-ја заедно со мотивационо писмо на contact@medical-it-revolution.com.
Краен рок за пријавување е 10.03.2013 година.