
Компанијата Иновистек објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Иновистек Напредни Технологии е компанија специјализирана за развој, имплементација, одржување и надоградба на ЕРП решенија за автомобилска индустрија како и за мали и средни претпријатија. Фирмата е со полно работно време а се наоѓа во центарот на град Скопје.
Компанијата има потреба од софтвер инженер со повеќе од 2 години работно искуство, познавање на англиски јазик и напредно познавање на: C#, ASP.NЕТ и MSSQL SERVER, добро познавање на Entity Framework, Jquery, Javascript, LINQ и Аjax.
Заинтересираните кандидати може да аплицираат со испраќање мотивациско писмо и CV со слика на електронска адреса: info@inovistek.com. Mотивациското писмо и CV-то да бидат напишани на англиски јазик.