Компанијата Ериксон Телекомуникации Македонија објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
 
Ериксон е светски провајдер на телекомуникациска опрема и сервиси за мобилни и фиксни мрежни оператори. Повеќе од 180 земји ја користат опремата на Ериксон и повеќе од 40% од светскиот мобилен сообраќај поминува низ опремата на Ериксон.
 
 Ериксон Телекомуникации Македонија има потреба од IT инженер кој ќе работи на решенија во областа на BSS (Billing, Charging) системи за клиентите на Ериксон. Кандидатот потребно е да има диплома од областа на компјутерските науки, одлично познавање на англискиот јазик, меѓучовечки вештини, способност да работи во тимска околина, познавање на Solaris, Unix, Linux или некоја друга дистрибуција, познавање на VM (VMWare, VirtualBox), креирање на Shell скрипти, познавање на бази на податоци. Како предност ќе се смета познавање на GSM, основни мрежни концепти и CCNA.
 
Повеќе детали за огласот, како и информации за аплицирање можете да добиете на овој линк.