Компанијата CodeWell објавува оглас за вработување и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за огласот можете да добиете во текстот што следува. 
 

 
 
Компанијата Кодвел, софтверска компанија за развој на мобилни апликации има потреба од вработување на човек на работна позиција Java Web програмер

Потребни квалификации:

  • ВСС или последна година од студии на информатика или компјутерски науки
  • Одлично познавање на Java програмскиот јаизк
  • Познавање на Java сервлети & JSP
  • Познавање на Tomcat и GlassFish
  • Познавање на Spring Framework
  • Познавање на Apache Maven
  • Познавање на објектно ориентирани концепти и шаблони за дизајн на софтвер
  • Познавање на теоријата на алгоритми
  • Креативност при изнаоѓање на решенија на даден проблем - смислување или користење на некои постоечки алгоритми од дадената област
  • Одлично познавање на англиски јазик

Се охрабруваат сите кандидати кои сакаат да работат во млад тим, со позитивна атмосфера да испратат свое CV на англиски јазик на info@codewell.mk.

 
Огласот е валиден до 25.11.2012.