
Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, со седиште на бул. Трета македонска бригада бб, 1000 Скопје, има потреба од 1 вработувањe за работно место Продажен аналитичар во Скопје (дирекција) со полно работно време.
Краток опис на работни активности:
Работното место „Продажен аналитичар“ е дел од работните функции во секторот Продажба во Близу Дооел Скопје.
Продажниот аналитичар е задолжен за собирање и анализа на податоците со цел да се зголеми продажбата и продуктивноста, како и оценување на ефикасноста на продажбата. Работата ја врши согласно пропишаните стандарди, интерните правилници и процедури на друштвото.
Потребни кфалификации:
- Завршено високо образование – економски, природно математички, електротехнички факултет или ФИНКИ
- Одлични комуникациски вештини
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа и работа во динамична средина
- Доверливост и лојалност
- Посветеност на работата
- Одлични вештини за работа со компјутер и интернет, работа со софтверскиот пакет
- Microsoft Office
- Познавање на англиски јазик
- Место на живеење во Скопје.
Работни задолженија:
- Собирање, анализа, евалуација и рапортирање на податоците со цел да се зголеми продажбата и продуктивноста;
- Собирање на податоците за продажба и трендови и оценка на ефикасноста на продажбата;
- Анализа на продажбата и успешноста, интерпретација на резултатите од целокупната продажба;
- Асистирање на менаџерите за продажба, ревизија на продажбата во согласност со буџетот и прогноза на продажба;
- Анализа на бизнис работење за да се утврди профитабилноста и да се формира основа за акција и оперативен промени;
- Развивање на модели за известување и структура која ги идентификува трошоците;
- Генерирање извештаи за прогноза на продажба, и прикажување на прогнозата во неделни, месечни и квартални извештаи;
- Координирање на сите извештаи за продажба на сите продажни канали;
- Анализа на резултатите и воспоставување на извештаи кои ги содржат соодветните заклучоци, идеи и општи насоки;
- Подготвување на извештаи и препораки за поддршка на тековните деловни одлуки или иницијативи;
- Извршува и други работни задачи по налог на својот претпоставен и прави извештај согласно работното место и стручната подготовка.
Нашата понуда:
- Пријатна работна атмосфера во млад и амбициозен тим
- Можност за професионален развој и напредок во компанијата
Начин на пријавување:
Ако сте заинтересирани за позицијата и сметате дека ги поседувате потребните квалификации, испратете ја Вашата биографија – CV на македонски јазик на e-mail: vrabotuvanje.prodazba@blizoo.mk со назнака за „Продажен аналитичар“, најдоцна до 11.11.2012 година.