17/01/2014

Компанијата Artistika објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за работната позиција можете да добиете во текстот што следува.
Компанијата има потреба од .NET програмер. Кандидатот потребно е да ги исполнува следните критериуми:
- Најмалку 2 години работно искуство со следните веб технологии: C#, ASP.NET, ADO.NET, HTML/DHTML, XML, JavaScript, jQuery, CSS, custom AJAX, Web services
- Напредни познавања на MS SQL Server и Transact SQL
- Доказ за поседување на вештини: диплома од соодветен факултет, завршени курсеви или работилници поврзани со областа на информатичката технологија
- Одлично познавање на Англиски јазик
Одговорности на програмерот се:
- Развој и одржување на .NET апликации според утврдени правила и норми
- Креативно размислување, развивање на нови идеи и концепти, нивно споделување и имплементација
- Комуникација со клиентите, разбирање на нивните потреби и практичност во решавањето на нивните проблеми
- Конструктивност, позитивен став и отворена комуникација со тимот
- Дизајн и архитектура на софтвер - моделирање и надградба на .NET апликации (ASP.NET, особено ASP.NET MVC)
- Имлементација на интерактивни елементи на front-end со HTML/CSS/JavaScript (JQuery)
- Креирање и администрација на MS SQL релациони бази
Артистика нуди одлични услови за работа, тимска атмосфера, простор за изразување на вашата креативност и стекнување на врвни референци во дигиталниот свет.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратетат кратка биографија и мотивациско писмо на jobs@artistika.com.mk, најдоцна до 25.01.2014 година.