Kомпанијата Небб Софтвер објавува оглас за прием на практиканти кои ќе работат на развој на интегрирани софтверски решенија наменети за индустрискиот сектор и ги поканува да аплицираат сите заинтересирани кандидати кои одговараат на бараните квалификации.

Небб е корпорација на иновации и технолошки развој со седиште во Аскер, Норвешка и канцеларија во Скопје, Македонија. Компанијата цели кон тоа да бидат лидери во технологијата и вистински центар на совршеност во сите аспекти на нивната дејност. Главни пазари на компанијата се индустриите за нафта и гас, енергетика и животна средина, хартија и целулоза.

Одбраните, нагласено мотивирани кандидати ќе ја имаат можноста за работа во Learning-by-doing работна средина каде што професионално ќе се надградуваат преку директна комуникација со искусни колеги од Македонија и странство.

Апликантите треба да поседуваат повеќето од следните квалитети:

    • Познавање од програмирање на логички контролери - PLC
    • Основни познавање на SCADA системи
    • Солидни познавања од MS SQL
    • Познавање на .Net платформата
    • Да учествувале во развој на минимум еден тимски проект на факултет
    • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
    • Афинитети кон тимска работа

Праксите ќе се изведуваат во текот на јули, август и септември, во тимови од по 2 практиканти, кои во тек на еден месец ќе треба да ги извршат зададените задачи, за што ќе добијат и потврда за реализирана задолжителна професионална пракса.

Практикантите, кои ќе покажат талент, мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата ќе бидат вклучени во најтесниот круг при следните вработувања во Небб Софтвер.

Заинтересираните студенти потребно е да испратат мотивациско писмо и CV на англиски јазик на careers.mk@nebb.com, со назнака “за ПРАКСА'.

Целосниот оглас можете да го погледнете на овој линк[PDF].