Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е невладина, непрофитна и непартиска организација основана 2003 година, со цел вршење на дејност за остварување на професионално усовршување и дообразование на младите правници, како и искористување на нивното знаење, кративност и ентузијзам во заштита на човековите слободи и права и принципот на владеење на правото.

Во рамките на своето делување, МЗМП веќе четири години активно работи во областа на азилот и миграцијата, со поддршка на Вискотиот Комесар за бегалци при Обединетите Нации во Скопје (УНХЦР).

Со цел унапредување на проектните активности на ова поле и развивање на нови иницијативи во оваа област, МЗМП има потреба од практикант со познавање од:

    • Креирање на веб страна, веб дизајн, 
    • Желба да истражува и применува нови технологии за подобрување на дизајнираната веб страна
    • Анализирање на работењето на веб страната
    • Фотошоп, 
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Тимски дух и желба да се работи во мултидисциплинарна и мултиетничка средина

Времетраењето и начинот на изведување на праксата ќе биде договорено по избирањето на кандидатот.

Повеќе информации за работата на МЗМП може да добиете на www.myla.org.mk или contact@myla.org.mk