Компанијата МДС СОФТ објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплциицраат. 
 
МДС СОФТ е компанија за развој на софтвер со долгогодишно искуство на македонскиот пазар. Како дел од своето работење, нуди можност за извршување на пракса за двајца студенти на проект.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со многу аспекти на програмирањето преку практична примена на знаење, работејќи во реални услови, на реална апликација. Праксата подразбира полно работно време, од 08:00 – 16:00 часот, 40 часа неделно, во времетраење од 3 месеци, почнувајќи од 01.09.2014.

Проектот претставува изработка на веб апликација, која ќе се работи во програмскиот јазик C# .NET и ќе биде базиран на ASP.NET MVC.

Поради тоа пожелно е кандидатите:
    • Да ги имаат ислушано сите предмети од последната година на студии
    • Да не се вработени
    • Да имаат одлично познавање на англиски јазик
    • Солидни комуникациски способности
    • Основни познавања на HTML и Javascript
    • Желба да гo совладаат соодветниот програмски јазик
    • Да имаат афинитет кон предизвици и стекнување на нови знаења 
Примените практиканти ќе ги имаат следните задачи:
    • Да учествуваат во изработка на софтверска апликација
    • Да учат и применуваат нови технологии
    • Да покажат колку се способни да ги извршуваат професионалните задачи 
Сите заинтересирани кои имаат некое дополнително прашање или сакаат да аплицираат, да потребно е да испратат своја биографија на info@mdssoft.com.mk со назнака За ASP.NET пракса.

Краен рок за пријавување е 15.08.2014, избраните кандидати ќе бидат контактирани најдоцна до 20.08.2014.