Асоцијацијата ИКТ-АКТ објавува оглас за волонтери за техничка и организациска поддршка за конференцијата ICT Innovations 2014. ICT Innovations 2014 е шеста интернационална конференција во организација на Асоцијацијата ИКТ-АКТ. Оваа година таа ќе се одржи во периодот од 9-ти до 12-ти септември во Охрид и се очекува дека ќе има околу 150 учесници.

Повеќе за конференцијата може да видите на http://ict-act.org/

Бараме млади и динамични луѓе кои ќе помогнат во периодот пред, и за време на одржување на конференцијата. Ја поддржуваме еднаквоста. Работните обврски ќе бидат административни (организација и реализација на регистрацијата на учесниците) и технички (техничка поддршка при одржувањето на сесиите).

Во текот на август и септември 2014 година, избраните волонтери ќе бидат повикани во неколку наврати: тренинг за регистрација, тренинг за техничка поддршка, подготвување на настанот, реализација на настанот.

Вкупниот обем на работа ќе биде 30 дена, со што кандидатите ќе можат да добијат и потврда за реализирана задолжителна професионална пракса.

На избраните волонтери ќе им биде обезбеден превоз и сместување во Охрид. Тие ќе имаат право да присуствуваат на сите конференциски настани.

За да се пријавите како волонтер на конференцијата, испратете Ваша кратка биографија и кратко мотивациско писмо на англиски јазик (неговото познавање е задолжително затоа што тоа е официјалниот јазик на конференцијата) во кое ќе објасните зошто сакате да бидете волонтер за конференцијата на елетронската пошта ict-act@finki.ukim.mk со наслов – Volonter 2014.