Групацијата ЕОЅ е водечка финансиска компанија во Европа за откуп и наплата на побарувања и факторинг аранжмани, присутна во 27 земји со повеќе од 9000 вработени. ЕОЅ Матрих активно се вклучува во процесот на обучување на млади кадри, станува дел од тимот кој на младите луѓе уште во процесот на студирањето или по нивното непосредно завршување, им дава можност да се стекнат со практично работно искуство, како форма на реална подготвителна обука што понатаму би го олеснила и приближила процесот на нивно вработување, правејќи ги подготвени да се вклучат во реалните работни процеси.

Компанијата има потреба од практикант за позицијата Систем администратор, чии задолженија ќе бидат администрирање на Windows и Linux клиентски станици, администрирање на компјутерска мрежа, телефонија, безбедносни полиси (ISO 17799/27002, 33ЛП) и работа според ISO 20000. Кандидатот потребно е да има познавања од компјутерските мрежи и мрежни сервиси, TCP/IP, бази на податоци и компјутерски хардвер. Подетални информации за огласот можете да добиете во овој документ[PDF].

Заинтересираните кандидати свое CV да испратат на a.kulevanova@eos-matrix.com. Позицијата за која се аплицира мора да биде дел од насловот.