22/10/2013

Онлајн едукативниот портал Култус објавува отворен конкурс за волонтерска работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали можете да најдете во текстот што следува.
Онлајн едукативниот портал Култус ја промовира едукацијата преку интернет, објавува содржини за едукативни трендови, соработува со онлајн образовни институции, посредува во пронаоѓање на е-курсеви, едукативни програми и сертификати од сите светски универзитети, унапредувајќи ја образовната култура на интернет корисниците.
За потребите на Култус и за натамошно поинтензиво успешно спроведување на активностите на порталот, Култис нуди волонтерска соработка на 5 студенти од ФИНКИ, кои директно ќе бидат вклучени во креирање и одржување на содржините, промовирање на Култус преку социјалните мрежи, комуникација со меѓународните едукативни институции, и останати образовно-промотивни обврски поврзани за работата на Култус.
Волонтерите ќе имаат можност да работат на порталот до 3 месеци, во работно време согласно претходно направен взаемен договор, и со можност за продолжување на соработката, зависно од интересот на двете страни. По завршувањето на волонтерскиот период, волонтерите ќе добијат сертификат и препорака за извршената работа.
Потребни квалификации: познавање на MS Office, Word Press (предност, но не и обврзно), комуникативни вештини, англиски јазик - напредно ниво, креативност, мотивираност, ентузијазам и желба за работа.
Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на следната email адреса со оставање на лични податоци (име и презиме), е меил и контакт телефон. Можноста за пријавување е отворена и на самиот портал.
Соработката е отворена во периодот на учебната 2013-2014 година.