14/05/2014

Компанијата Космик Девелопмент објавува отворен конкурс за прием на практиканти за PHP програмерски пракси со можност за вработување на одбраните кандидати, кои ќе покажат мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата.
Програмата ќе трае 6 месеци, со скратено работно време (20 часа неделно), и истата ќе се одвива во три фази – Internship, Traineeship, Employment. Практикантите ќе добијат потврда за пракса, соодветен број на кредити и месечен надоместок.
Избраните кандидати ќе бидат обучувани од искусни PHP програмери со што ќе имаат можност да стекнат искуство, кое ќе им помогне да започнат професионална кариера.
Сите студенти кои се гледаат себе си како талентирани и тимски играчи, и кои се подготвени да започнат со работа во која ќе уживаат, се наши потенцијални колеги.
Заинтересираните кандидати за PHP програмерските пракси потребно е да испратат:
- CV
- Пожелно е да имаат слушано 'Програмски практикум' (да се нагласи во CV)
- Опис на апликација (проект/семинарска/дипломска) што ја имаат изработено и
- Препорака од професорот со кој имаат соработувано на соодветната апликација.
Документацијата да се испрати на internship@cosmicdevelopment.com, со назнака за 'Cosmic Internship - [PHP]'.
Рок за пријавување е до 30.04.2014 година.