29/08/2014

Центарoт за истражување и креирање политики (ЦИКП) објавува повик за практиканти во рамките на проектот Промовирање на општествена отчетност на лoкалнo ниво Финансиран од Развoјната прoграма на Обединетите нации (УНДП).
Проектот Промовирање на општествена отчетност на локално ниво финансиран од УНДП има за цел да промовира интегритет, квалитет на услугите и намалување на корупцијата на локално ниво преку напредни и иновативни технолошки решенија за учество и зајакнување на граѓаните. Во рамките на овој проект, ќе биде изготвена иновативна софтверска алатка за општествена отчетност, која ќе ја промовираат практиканти во пет општини во Република Македонија: Тетово, Босилово, Илинден, Дебар и Центар. Описот на задачите на практикантите можете да го најдете на овој линк. На практикантите за успешно завршените обврски ќе им биде доделен сертификат од општината.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 17.08.2014 година, по електронски пат на оваа e-mail адреса.
Повеќе информации можете да најдете во овој документ[PDF].