Бирото за развој на образованието во соработка со Министерството за образование и наука им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе работат со електронскиот систем за екстерно проверување на постигањата на учениците и задолжително ќе добијат потврда за практична работа. Праксата е соодветна и за студените од почетните години и бара познавање на работа со компјутери.

Заинтересираните студенти може да отидат на пракса почнувајки од вторник 25.02.2014 год. вo 10:00 часот во просториите на Бирото за развој на образованието, кои се наоѓаат во кампусот на техничките фаултети, во бараката која се наоѓа помеѓу барака 5 и новата зграда на Машински факултет, и да се јават кај советникот Гордана Јанакиевска на email gordanajanakievska@bro.gov.mk.