Компанијата АСПЕКТ објавува отворен конкурс за практиканти со можност за вработување и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. 
 
АСПЕКТ е приватна компанија основана во 1992 која е специјализирана за развој на интегрирани софтверски решенија наменети за финансискиот сектор. Кандидатите треба да се мотивирани апсолвенти кои сакаат предизвици и имаат аспирации да работат на големи и интересни проекти. Треба да се проактивни личности, подготвени да се здобијат со нови знаења и вештини преку тимска работа.
 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

    • Да се во завршната фаза на студирање на некој од техничките факултети 
    • Да имаат познавања од MS SQL
    • Познавање на .Net платформата за работа
    • Да учествувале во развој на минимум еден тимски проект на факултет
    • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
    • Способност за работа во тим
    • Возачка дозвола (Б категорија)
    • Познавање на банкарски и ЕРП системи ќе се смета за предност 
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и мотивациско писмо до компанијата со назнака ПРАКСА, најдоцна до петок, 27 јуни 2014 година. Кандидатите потребните документи може да ги испратат на оваа email адреса.
 
Целосниот оглас можете да го погледнете на овој линк[PDF]