04/10/2011

Оваа година ќе се оддржи петтото издание од натпреварот во програмирање, IEEEXtreme. На минатогодишниот натпревар, IEEEXtreme 4.0, македонските екипи постигнаа огромен успех - ги освоија високите 4-то и 83-то место во конкуренција на 970 екипи од целиот свет. Се надеваме на уште поголем успех оваа година.
Натпреварот ќе се оддржи на 22.10.2011 година и ќе трае 24 часа. Право на учество имаат сите студенти кои се членови на студентскиот огранок на IEEE. За пријавување на екипи за натпреварот, потребни се следните податоци: име и презиме, email, IEEE member number и големина на маичка (S, M, L, XL, XXL), за секој од трите членови во екипата.
Податоците испратете ги на petre.lameski@finki.ukim.mk, најдоцна до 06.10.2011 до 14:00 часот.